Чави за новото чудо од дете: Тој е како Меси, ќе одбележи една нова ера…

Барселона синоќа на мечот со Бетис откри уште едно свое чудо од дете во името на Ламине Јамал.

Ова 15-годишно момче со настапите за У19 екипата го привлече вниманието на Чави, па на дуелот со Бетис доби шанса да настапи и за првиот тим на Барселона. Станува збор за суперталентиран играч чиј татко е Мароканец, а мајката е од Екваторијална Гвинеа, но Јамал како „дете на Барса“ веќе ги има брането боите на Шпанија во најмладите возрасни категории. Тој со настапот вечерва стана најмладиот дебитант во историјата на Барселона, прв што на 15 години настапил на еден официјален меч за каталонскиот гигант.

Сето тоа посебно го нагласи и тренерот Чави на прес-конференцијата по натпреварот.

„Ламине е неверојатен. Му реков да се обиде да биде опасен, и успеа во тоа. Замислете, има само 15 години. Малку недостасуваше да постигне и гол. Посебен е, полн самодоверба и може да биде за брзо време наш важен играч. Доволно е да го гледата на тренинзи за да го сфатите тоа“ – рече Чави, притоа дополнувајќи:

„Сличен ми е на Меси. Многу е талентира во последната третина од теренот. Тој е играч кој може да одбележи една цела нова ера во Барселона“.

Се вчитува...