Чеферин: Го видов распоредот на Суперлигата, изгледаше неверојатно смешно

Претседателот на Европската куќа на фудбалот УЕФА, Александар Чеферин вели дека го видел распоредот за Суперлигата и тврди дека делувал многу смешен, бидејќи само Јувентус и Реал Мадрид играле натпревари секоја седмица.

„Еден клуб денеска ми го испрати распоредот за натпреварите од Суперлигата. Изгледаше неверојатно смешно, бидејќи само Реал Мадрид и Јувентус ќе играа секоја седмица“, изјави Чеферин. 

Тој додаде дека сите клубови ќе имаат последици од одлуката за формирање, освен Барселона, бидејќи новиот претседател на клубот, Лапорта е само два месеци на оваа функција.

Се вчитува...