Чеферин ја призна грешката: ЕВРО 2020 не е фер натпреварување

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, призна дека организацијата на натпреварувањето во 12 различни градови е огромна грешка на европската куќа на фудбалот.

Станува збор за идеја на претходниот претседател Мишел Платини што Чеферин реши да не ја корегира и дозволи натпреварување да се одржи според предвидениот план, но од сегашна перспектива Словенецот е свесен за пропустите во самата организација.

„Ова дефинитивно е нешто што нема да смее да се повтори, никогаш повеќе нема да имааме првенство со 12 различни градови домаќини. Системот не е фер, ова не може да биде фер натпреварување кога некои селекции патуваат по 10.000 километри, а некои ни по 1.000 километри. Тоа не е во ред за самите фудбалери, но ниту за навивачите. Некои фанови денеска се во Рим, а за неколку дена мора да бидат во Баку, тоа е крајно компликувано. Идејата за ЕВРО што би се одржило низ цела Европа е интересно на хартија, но реално е неостварливо“, изјави Чеферин.

Се вчитува...