Чеферин: Не гледам како Ливерпул би останал без титула

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, ги израдува навивачите на Ливерпул истакнувајќи дека не гледа сценарио со кое „црвените“ би останале без титулата во Премиер-лигата. Дел од англиските медиуми шпекулираат со целосно поништување на сезоната, но Чеферин смета дека такво нешто нема да се случи.

„Не гледам како Ливерпул би останал без титулата. Ако се вратат да играат, секако ќе бидат шампиони. Ако не се доигра сезоната, сепак се очекува да биде одреден првак, како и екипи кои би се натпреварувале во европските купови следната сезона. Јасно ми е дека во Ливерпул ќе се разочарани што титула најверојатно ќе освојат пред празни трибини, но во секој случај нивниот шампионски трофеј не би требало да биде доведен во прашање“, изјави претседателот на УЕФА.

Италија и Шпанија моментно се најпогодени земји од коронавирусот, но Словенецот е оптимист дека сезона во овие две држави ќе продолжат.

„Не можам да ветам буквално ништо бидејќи ситуацијата е различна за секоја одделна земја, но јас сум оптимист, уверен сум дека ќе успееме да ги завршиме дури и италијанското и шпанското првенство“, истакна Чеферин.

Се вчитува...