Чеферин: Уживајте во ЕВРО 2020 и нека победи најдобриот

Пред почетокот на Европското првенство, претседателот на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин, упати писмо на веб-страницата на УЕФА до сите фанови на фудбалот. Словенецот верува и се надева дека фудбалскиот спектакл ќе помине во најдобар ред и покрај светската здравствена криза.

Европското првенство кое се презакажа за ова лето (11 јуни-11 јули) поради пандемијата со коронавирус, ќе се игра пред полни стадиони, па фудбалската возбуда за едномесечниот турнир ќе биде на највисоко ниво.

„Низ овие шест децении, Европското првенство во фудбал остави неверојатен белег на фудбалската мапа. Многу од најдобрите играчи на континентот играа на овие турнири и одиграа извонредни улоги во пишувањето на историјата на фудбалот во Европа, а на навивачите ширум светот им беа дадени спомени, натпревари, фантастични голови и одлични игри што ќе ги паметат цел живот“, изјави Александар.

Ова лето, навивачите ќе ја доживеат драмата и возбудата на турнирот што стана еден од најважните светски спортски настани со својата единственост и развој од турнир на турнир.

„Репрезентативниот фудбал има посебно место во европскиот фудбал. Тој е еден од главните извори на национален идентитет, ги обединува навивачите од целата земја во поддршката што ја даваат на нивниот тим. Сите играчи зборуваат за големата гордост што им ја носи играта за националниот тим, сите ќе го потенцираат задоволството од постигнатиот заеднички успех“, стои во соопштението на УЕФА.

Се вчитува...