Чекаа четири месеци, го казнија четири меча

Фудбалерот на Тотенхем, Ерик Даер, доби суспензија од четири натпревари поради инцидентот што се случи на почетокот на март, кога нападна навивач на трибините по поразот од Норич во ФА купот на Англија. Дури четири месеци по инцидентот тој ја доби казната за несоодветното однесување.

„Ерик Даер е суспендиран на четири натпревари, казна што веднаш стапува на сила, а фудбалерот ќе треба да плати и парична казна од 40.000 фунти“, објавија од ФА на Англија.

Ерик Даер ќе може да се врати на последниот меч од Премиер – лигата против Кристал Палас, а претходно ќе ги пропушти натпреварите против Борнмут, Арсенал, Њукасл и Лестер.

 

Се вчитува...