Челси бара голман „под дрво и камен“

Челси одлично ја стартуваше сезоната, но серијата слаби резултати во последните два месеци јасно исфрлија на површина неколку проблеми што Френк Лампард ќе мора да ги реши во текот на летниот преоден рок.

Еден од нив е голманската позиција, откако стратегот на „сините“ целосно ја загуби довербата во Кепа, оставајќи го најскапиот светски голман на клупата на последните натпревари. На Шпанецот му е јасно дека ќе си замине на крајот од сезонава, беше споменувана размена со Атлетико за Јан Облак, но словенечкиот чувар на мрежата не е заинтересиран за преселба на „Стемфорд бриџ“.

Лампард има „план Б“, ангажман на Донарума од Милан, со чиј агент, Мино Раиола, веќе се водени и првите разговори. Донарума побарал плата од осум милиони евра по сезона, сума што Челси е подготвен да ја плати, но останува да се види дали ќе може да се постигне договор со Милан, кој ќе бара најмалку 50 милиони евра за италијанскиот репрезентативец.

Челси исто така бара и нов лев бек, а на врвот со листата со желби се наоѓа Телес од Порто, кој е проценет на 20 милиони евра.

За потсетување, лондонскиот премиерлигаш веќе го официјализираше и првиот летен трансфер, договарајќи го доаѓањето на Зијеш од Ајакс за почетни 40 милиони фунти.

Се вчитува...