Челси без четири првотимци на мегдан со Лидс

Челси ќе се обиде на денешниот дуел со Лидс експресно да се врати на победнички патеки и да ги остави зад себе разочарувачкиот пораз од Вест Хем во Премиер-лигата и ремито со Зенит по кое „сините“ останаа без првото место во групата од Лигата на Шампионите.

Напаѓачите Тимо Вернер и Ромелу Лукаку ги надминаа проблемите со повредите и повторно му се на располагање на Томас Тухел, но германскиот стратег обелодени дека за денешниот натпревар нема да може да смета на четири стандардни првотимци. Канте и Ковачиќ ќе отсуствуваат во средниот ред, на левата бековска позиција ќе го нема Бен Чилвел, а во тимот на Челси нема да се појави ниту младиот Шалоба, кој е откровение на Тухел во досегашниот дел од сезоната.

На повреда веќе извесно време се жали и Жоргињо, но италијанскиот репрезентативец ќе стисне заби и ќе се појави во тимот против Лидс.

„Шалоба се уште е „во аут“, исто како и Ковачиќ. Ќе го немаме ниту Канте, како и Бен Чилвел, кој уште извесно време нема да биде во тимот. Жоргињо тренираше во последните два дена, се уште чувствува болка, но ќе игра бидејќи во една ваква ситуација неговото присуство на теренот е многу значајно за нас“, изјави Тухел на вчерашната прес-конференција.

Се вчитува...