Челси дава, но и прима голови: Совладан Брајтон во голеада со седум погодоци (ВИДЕО)

По почетниот триумф од 3:2 на гостувањето кај Фулам, Челси во 2. коло во Премиерлигата на домашен терен го совлада тимот на Брајтон со 4-3. Со тоа „сините“ од Лондон покажуваат сила во воведните кола во најсилната англиска Лига, предводени од Чаби Алонсо. Но, ќе мораат „сините“ да поработат на одбраната, затоа што примија три гола, и покрај тоа што на голот застана новото засилување Емилијано Мартинез.

Челси во голема мера го реши победникот во првите 32 минути од средбата. Лавија во 4. минута беше прецизен за предност, а потоа Педро Нето во 14-тата и Жоао Педро во 32. минута успеаја да донесат 3-0.

Брајтон веднаш се врати и преку Јалкује успеа да намали, што беше и резултат на полувремето.

Во вториот дел во 63. минута Жоао Педро си постигна автогол за крајна неизвесност, но сите дилеми околу победникот се чини ги реши Кол Палмер со убав гол во 74. минута.

Брајтон успеа да намали во финишот преку Грос, меѓутоа недоволно да извлече нешто повеќе од овој меч.

Се вчитува...