Челси доби дефанзивец од Монако за 35 милиони евра

Челси постигна договор со Монако околу потписот на стоперот Беноа Баидашил. 21-годишниот дефанзивец се сели во Лондон во следните денови.

Бадиашил важи за еден од најдобрите млади стопери во Европа. За него беа заинтересирани уште неколку големи клубови, на крај тој го одбра синиот дрес.

За Челси ова ќе биде второто засилување зимава после Фофана од Молде.

Со ангажманот на Бадиашил, пропаѓа можноста Јошко Гвардиол да пристигне на “Стемфорд Бриџ”.

Се вчитува...