Челси добива Албанец на гол линијата?

Албанскиот репрезентативец Томас Стракоша ова лето може да стане нов фудбалер на Челси, пренесуваат англиските медиуми. Но, за истото да се оствари прво од „Стемфорд Бриџ“ мора да замине Кепа Аризабалага.

Шпанскиот голман кој во 2018 година стана најскапиот голман во историјата на фудбалот по трансферот од Атлетик Билбао во Челси за 80 милиони евра не успеа да се наметне во редовите на „сините“, а последната сезона одигра само четири натпревари во Премиерлигата па сега се наоѓа пред излезните врати.

Стракоша кој е роден во Атина кариерата ја започна во Паниониос, а во 2012 година направи трансфер во Лацио. За римскиот тим претходната сезона настапи на 23 натпревари во Серија А, а и на осум средби во Лига Европа.

Неговиот договор со Лацио истекува ова лето па е слободен да ја промени средината, нешто што му одговара и на Челси.

Се вчитува...