Челси е подготвен да го продаде Енцо Фернандез (25) на Манчестер Сити за соодветна цена, под услов да успеат дополнително да го засилат тимот пред затворањето на преодниот рок, пишува Скај Спортс.
Англиските медиуми објавуваат дека Сити и Челси сè уште не преговарале, но Фернандез не бил во тимот за синоќешната победа против Лутон во Карабао Купот.
Тренерот Чаби Алонсо по натпреварот изјави дека Фернандез е „добар професионалец“ кој тренира добро и дека одлуката дали ќе биде достапен за неделниот натпревар против Брајтон ќе биде донесена пред натпреварот.
Претходно беше објавено дека Фернандез сака да го напушти клубот и повторно побарал продажба во Манчестер Сити. Аргентинецот веќе се договорил за личните услови на договорот со Сити, а според извештаите, тој треба да ја потпише соработката до 2032 година.
Сити е убеден дека може да склучи договор со Челси вреден 130 милиони евра. Фернандез пристигна во лондонскиот клуб во јануари 2023 година од Бенфика за тогаш рекордни 121 милион евра за британските клубови, а има договор со Челси до 2032 година.
Аргентинскиот репрезентативец досега одигра повеќе од 100 натпревари за Челси и беше еден од клучните играчи на тимот што го освои Светското клупско првенство во 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
