Челси го купи Пулишиќ за 64 милиони евра, но ќе остане во Дортмунд до крајот на сезоната

Англискиот премиерлигаш Челси успеа да го комплетира трансферот на американскиот фудбалер Кристијан Пулишиќ од Борусија Дортмунд. Раководството на клубот од „Стемфорд бриџ“ за крилниот играч на „милионерите“ плати 64 милиони евра. Трансферот го потврди и Борусија Дортмунд, со напомена дека Пулишиќ ќе ја доигра сезоната во германскиот бундеслигаш како позајмен играч.

За Кристијан Пулишиќ беше заинтересиран и Ливерпул, но раководството на Челси успеа побрзо да го комплетира трансферот.

Се вчитува...