Ќе „трепери“ Тотенхем во последното коло за опстанокот во Премиерлигата, откако вечерва загуби од Челси со 2-1, и така остана на два бода од опасната зона, каде што е Вест Хем. Така избраниците на Де Зерби во следниот меч против Евертон ќе мора да бараат барем бод, или да чекаат Вест Хем да не победи, за и дефинитивно да го изборат опстанокот.
Енцо Фернандез беше клучот на победата на „сините“ вечерва. Тој најпрво постигна гол, а потоа и асистираше за Челси да дојде до 2-0, а Тотенхем само успеа да ублажи.
Фернандез во 18. минута погоди на аситенција на Нето и донесе предност. Потоа во 67. минута асистираше до Андреј Сантош кој зголеми на 2-0. Ричарлисон во 74. минута успеа да намали, а потоа Тотенхем нападна да дојде и до израмнување, но не успеа.
Челси со овој триумф и натаму е во битка за пласман во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
