Челси го сака Зинедин Зидан на клупата

Англискиот премиерлигаш Челси не може да се опорави од дебаклот (6-0) што го доживеа на дербито против Манчестер Сити. Менаџерот Маурицио Сари е под огромен притисок, а англиската спортска јавност почна да шпекулира со имињата за негов наследник на клупата на „Стемфорд бриџ“. Најголема желба на сопственикот Роман Абрамович е францускиот стратег Зинедин Зидан, кој моментно е без ангажман откако си замина од Реал Мадрид.

Челси ќе се обиде да го доведе популарниот Зизу, но тој веќе одби да застане на кормилото на Манчестер Јунајтед со образложение дека не сака да преземе тим во екот на сезоната. Многу поверојатно е тој да пристигне во Лондон по завршувањето на сезоната, а во таков случај можеби и Еден Азар би останал на „Стемфорд бриџ“ и би го продолжил договорот со клубот.

Се вчитува...