Челси и Јунајтед во трка за Лоренцо Пелегрини

Англиските гиганти Челси и Манчестер јунајтед се сериозно заинтересирани за новата ѕвезда на Рома, Лоренцо Пелегрини. Младиот, 21-годишен играч за врска блесна во редовите на „волчицата“ по доаѓањето од Сасуоло, а тоа веднаш го воочија и Антонио Конте и Жозе Мурињо. Ќе се обидат да го искористат фактот дека Пелегрини има отштетна клаузула од само 25 милиони евра, што секако можат да ја платат без проблем за ангажман на талентиран фудбалер.

Челси во моментот е можеби и поблиску до Пелегрини поради италијанските релации на менаџерот Антонио Конте, но и Жозе Мурињо издаде ‘наредба’ до раководството на клубот да се потруди да го доведе на „Олд трафорд“.

Пелегрини е дете на Рома, кој беше испратен на докажување во Сасуоло, а ова лето се врати во римскиот клуб. Прашање е дали англиските гиганти ќе можат да го убедат веднаш повторно да го напушти „Олимпико“ и да замине во Премиер – лигата.

Се вчитува...