Челси игра импресивно, Ливерпул го слави Салах

Ливерпул со многу мака успеа да слави на дуелот на домашен терен против Лестер (2-1), средба што повторно ја одбележа Мохамед Салах постигнувајќи уште два гола за „црвените“ во Премиер-лигата (вкупно 17). Гостите неочекувано на самиот почеток дојдоа до водство по грешката на Матип, по која Варди постигна гол на асистенција на Махрез. Салах во првото полувреме промаши три шанси, но египетскиот ас блесна во вториот дел, самиот правејќи го пресвртот со одлични реализации по додавањата на Мане и на Милнер.

Челси одигра уште еден сигурен натпревар на домашен терен, славејќи со убедливи 5-0 против Стоук. Конте реши на овој меч да го одмори Азар, но тоа не се одрази врз играта на „сините“, кои доминираа и заслужено стигнаа до цел плен. Веќе во првото полувреме шампионот имаше водство од 3-0 преку Рудигер, Дринквотер и Педро, за конечните 4-0 во вториот дел да ги постават Вилијан од пенал и „резервистот“ Запакоста.

Свонси со пресврт во последните пет минути успеа да триумфира на гостувањето против Ватфорд, носејќи му победничко деби на Карвахал (1-2). Домаќините долго време имаа предност, за потоа во самиот финиш Ајув да израмни на 1-1, пред Нарсинг да го комплетира пресвртот за голем триумф на велшкиот клуб.

Резултати Англија:

Челси – Стоук 5-0, Хадерсфилд – Барнли 0-0, Ливерпул – Лестер 2-1, Ватфорд – Свонси 1-2, Њукасл – Брајтон 0-0, Бурнемаут – Евертон 2-1.

Се вчитува...