Челси ја најде замената за Енцо Фернандез

Челси веќе има идеја кого би можел да го доведе како замена за Енцо Фернандез, доколку аргентинскиот репрезентативец го напушти „Стемфорд Бриџ“.

Според информациите, лондонскиот клуб е заинтересиран за 22-годишниот сенегалски репрезентативец Ламин Камара од Монако. Тој е на „радарот“ како една од главните опции за пополнување на празнината во средниот ред.

Челси наводно е подготвен да го продаде Фернандез на Манчестер Сити за околу 120 милиони фунти, а дел од тие средства би биле искористени за ангажман на Камара.

Монако за својот играч бара меѓу 50 и 60 милиони фунти. Францускиот клуб неодамна одбил понуда од 35 милиони фунти од Кристал Палас, додека интерес за Сенегалецот покажува и Ливерпул.

Камара пристигна во Монако пред две години од Мец за околу 15 милиони евра и постепено се наметна како еден од клучните играчи во тимот. Минатата сезона во Лига 1 одигра 29 натпревари, на кои постигна два гола и запиша седум асистенции.

Се вчитува...