Челси ќе поднесе жалба до ФИФА за забраната за трансфери

Англискиот премиерлигаш Челси ќе поднесе жалба до ФИФА по одлуката за забрана за реализација на трансфери во наредните два преодни рока. Светската фудбалска организација смета дека Челси прекршил правила за регистрација и ангажман на фудбалери на малолетни фудбалери до 18 години.

„Челси ја доби одлуката од Дисциплинската комисија на ФИФА и ќе поднесе жалба за забраната за реализација на трансфери во наредните два преодни рока. Клубот максимално соработуваше во периодот на истрагата и е разочаран поради одлуката на ФИФА“, се вели во соопштението на англискиот клуб.

Се вчитува...