Челси лесно до триумф против Ватфорд

Челси ја продолжува трката за место во Лигата на шампионите. Тимот од Стемфорд бриџ славеше со 3-0 против Ваѕфорд во 33.коло од Премиерлигата.

“Сините” поведоа со голот на Гиру во 28.минута, а Вилијан во 43.минута од пенал зголеми на 2-0. Баркли во 92.минута ги постави конечните 3-0.

Со овие три бода, Челси со 57 бода повторно се врати на четвртата позиција која носи во Лигата на шампионите, два повеќе од петопласираниот Манчестер јунајтед.

Се вчитува...