Челси може да го лади шампањот, падна и Мидлсборо

Челси лесно и убедливо го совлада Мидлсборо на „Стемфорд бриџ“ со 3-0 и направи круцијален чекор кон освојување на шампионската титула во Премиер – лигата. На три кола до крајот, избраниците на Антонио Конте имаат огромни седум бода предност и можат да го ладат шампањот за прославата. Ова воедно беше тажен ден за фановите на Мидлсборо, со оглед дека овој тим официјално испадна од елитното друштво.

Диего Коста беше стрелец на водечкиот гол за Челси во 23.минута, а до крајот на првото полувреме погоди и Маркос Алонсо за сигурни 2-0. Во вториот дел, и Немања Матиќ се запиша меѓу стрелците за нов убедлив триумф на Челси во англискиот шампионат.

All Goals & Highlights HD – Chelsea 3… by LiveFootball28

Се вчитува...