Челси му дава огромно покачување на својот стопер, но тој сака повеќе

Стоперот на Челси, Антонио Ридигер е блиску до преселба во Реал Мадрид. Одличниот 28-годишен стопер на лето ќе биде без договор, а тој упорно одбива да ја продолжи соработката со „сините“, што значи дека уште малку ќе може да почне преговори со друг клуб. А тоа ќе биде Реал Мадрид.

Англиските медиуми шпекулираат дека Челси со сите сили се бори да го задржи Германецот, му нуди и договор кој што е вреден дури 140 илјади фунти неделно (сегашниот му е 90 илјади фунти), но тој сака 200 илјади.

Според „Гардијан“ Ридигер е блиску до Реал, но во опција се и ПСЖ и Баерн.

Кој сака да го има Ридигер, мора да ги задоволи големите барања кои ги имаат играчот и неговиот агент, и бара да биде еден од најплатените во светот. Во моментов најмногу заработува Де Лихт кој е со плата од околу 400 илјади фунти неделно.

Се вчитува...