Челси најавува мегатрансфер – Борусија Дортмунд во „паника“

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд се наоѓа на врвот на листата на желби на Челзи, пренесуваат англиските медиуми. Клубот од Лондон во летниот преоден рок ќе се обиде да го ангажира норвешкиот репрезентативец, кој во германскиот клуб дојде од Салцбург во јануари годинава за 20 милиони евра. Тој потпиша договор до летото 2024 година.

Одличниот напаѓач неодамна ја доби наградата за најдобар млад фудбалер во Европа на возраст под 21 година. Норвежанецот одигра осум натпревари во Бундеслигата оваа сезона и постигна десет гола со две асистенции. Ерлинг беше стрелец шест пати на четири натпревари во Лигата на шампионите. „Милионерите“ се надеваат дека ќе го задржат Халанд уште најмалку една сезона во клубот, но јасно е дека доколку Роман Абрамович тргне во офанзива, германскиот клуб тешко ќе може да одолее на понудите на рускиот газда на Челси.

Лондонскиот клуб во летниот преоден рок ги ангажираше Тим Вернер (Лајпциг) и Кеи Хаверц (Баер Леверкузен) од германските клубови, но ниту еден од нив сè уште не го даде очекуваниот придонес во тимот на Френк Лампард.

Се вчитува...