Челси нема да штеди: За 90 милиони доаѓа ново засилување во нападот

Челзи е заинтересиран за ѕвездата на Брентфорд, Игор Тијаго , тврди бразилската верзија на ESPN. Според изворот, „пчелите“ се свесни дека ќе имаат тешкотии да го задржат напаѓачот, иако тој потпиша нов договор со клубот до 2031 година во февруари. Се тврди дека Брентфорд ќе бара околу 90 милиони евра за Тијаго, откако го купија од Бриж за 35 милиони пред две години.

Првата сезона на напаѓачот во Англија беше нарушена од сериозна повреда, но во оваа тој беше импресивен и сè уште е во борба за наградата за најдобар стрелец во Премиер лигата со своите 21 лигашки гол досега.

Сето ова не остана незабележано од Карло Анчелоти, кој го повика во репрезентацијата на Бразил за тестовите во март и април. Тој веќе го постигна својот деби гол за „селесао“ и, ако сè оди добро, најверојатно ќе биде дел од составот за Светското првенство.

Атлетико Мадрид, Јувентус и Милан исто така покажуваат интерес за Игор Тијаго, тврди истиот извор.

Се вчитува...