Челси би можел да направи голем потег во финишот на преодниот рок и да го доведе Емилијано Мартинез од Астон Вила.
Според информациите, претставниците на аргентинскиот голман го понудиле на лондонскиот клуб, кој сериозно размислува за ангажман на искусниот чувар на мрежата.
Интересот на Челси доаѓа по несигурниот старт на Роберт Санчез. Шпанецот направи неколку грешки на натпреварот против Фулам, што дополнително ги зголеми сомнежите околу неговата позиција како прв голман.
Мартинез, пак, се наоѓа во незгодна ситуација во Астон Вила. Клубот неодамна го ангажираше Зион Сузуки од Парма за околу 30 милиони фунти, а Аргентинецот веќе изразил желба за нов предизвик. Неговиот трансфер во Јувентус пропадна, па Челси сега се појавува како сериозна алтернатива.
Триесет и тригодишниот Мартинез има 256 настапи за Астон Вила откако во 2020 година пристигна од Арсенал. Со клубот ја освои Лигата на Европа во мај, додека со Аргентина стана светски шампион во 2022 година и освои две титули на Копа Америка.
Во Челси очигледно сакаат да ја решат голманската позиција со искусен и докажан чувар на мрежата, а Мартинез може да биде токму такво решение.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
