Актуелниот шампион на Европа само детали го делат од официјализирање на трансферот на Ромелу Лукаку во своите редови, што впрочем ќе претставува и враќање на Белгиецот на „Стемфорд Бриџ“ каде настапуваше во периодот помеѓу 2011 и 2014 година.
A, Челси нема да запре тука бидејќи до крајот на трансфер периодот. Томас Тухел во своите редови сака да доведе уште три играчи. Еден од нив е дефанзивецот на Севилја, Џулс Кунде со кој „сините“ веќе имаат постигнато договор, но останува уште да се договорат клубовите за новите услови по откажувањето на Курт Зума кој требаше да биде дел од зделката.
Цел ова лето ќе биде и враќање на поранешниот младинец Деклан Рајс кој зад себе има одлична сезона, но и добро Европско првенство. Фудбалерот на Вест Хем беше желба и на поранешниот тренер Френк Лампард, тогаш трансферот не се оствари меѓутоа се поголемиот интерес за 22-годишникот го приморува тимот што побрзо да го ангажира играчот од средниот ред.
Погледите на германскиот стратег се насочени и кон Алфонсо Педраза, играчот на Вилјареал. Со 25-години повремениот репрезентативец на Шпанија се очекува да биде долгорочно решение од клупата за позицијата лев бек, а предноста во почетниот состав ќе остане во рацете на Бен Чилвел. Имено, Тухел не смета сериозно на услугите на Емерсон и Маркос Алонсо, меѓутоа нов играч на оваа позиција ќе биде ангажаиран само доколку овие двајца заминат од Лондон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА