Челси повторно извиси – Аке останува во Манчестер Сити

Челси потешко од очекуваното ја „санира“ дупката која се создаде во тимот по заминувањето на Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен. „Сините“ успеаја да го ангажираат Калиду Кулибали, но извисија во трансферот на Нејтан Аке.

Холандскиот стопер е задоволен во Манчестер Сити и е подготвен да се бори за место меѓу почетните единаесетмина, а „граѓаните“ немаат потреба од продажба доколку Челси не ги исполни нивните барања, пренесуваат англиските медиуми.

Лондонскиот тим ќе мора да бара ново решение со оглед на тоа што според последните информации извиси и во трансферот на Преснел Кимпембе. Французинот е задоволен во ПСЖ и нема намера да ја промени средината.

Се вчитува...