Челси прави „чистка“ за Халанд и Хакими

Челси по освојувањето на Лигата на Шампионите цели на продолжување на европската доминација и враќање на титулата во Премиерлигата, но за тоа на Томас Тухел ќе му бидат потребни нови засилувања.

Најголемите трансфер цели на „сините“ ова лето ќе бидат Ерлинг Халанд и Ахраф Хакими, играчите на Борусија Дортмунд и Интер, но за овие трансфери кои ќе бидат вредни околку 220 милиони евра, Челси прво треба да направи „чистка“ во составот.

Тринаесет фудбалери се пред излезнaтa вратa на „Стемфорд Бриџ“. Давиде Запата, Емерсон Палмиери, Маркос Алонсо, Курт Зума, Ампаду, Фикајо Томори, Баба Рахман, Тимуе Бакајоко, Дени Дринквотер, Жоржињо, Рос Баркли, Мичу Батшуаи, Тами Абрахам се наоѓаат на трансфер листата и секоја примамлива понуда ќе биде прифатена, пренсуваат медиумите на „Островот“.

Лондонскиот клуб очекува да си заминат најмалку седум-осум фудбалери и притоа да заработи над 100 милиони фунти, пари што ќе бидат реинвеситрани за најмалку еден мегатрансфер во текот на летово. Главна желба на Тухел останува Халанд, но „сините“ од вчера се вклучија и во трката по Ашраф Хакими од Интер, за кого сериозен интерес покажува и ПСЖ.

Се вчитува...