Челси со рутинска победа од 3-0 над Кристал Палас ја стартуваше новата сезона во англиската Премиер-лига. Маркос Алонсо со прекрасен погодок од слободен удар во 27. минута донесе водство за „сините“, додека до крајот на првиот дел водството го удвои Пулишиќ во 40. минута.
Конечните 3-0 ги постави младиот Чалобах со својот гол-првенец во дресот на Челси во 58. минута.
Џејми Варди и сезонава очигледно е дека ќе го води Лестер во борба за врвот во англиската елита. Искусниот напаѓач беше стрелец на победничкиот гол на неговата екипа во триумфот од 1-0 над Вулверхемптон. Ова е дури седми пат Варди да стрела на отворањето на новата сезона.
ПРЕМИЕР-ЛИГА РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО:
Челси – Кристал Палас 3-0
Лестер – Вулверхемптон 1-0
Барнли – Брајтон 1-2
Евертон – Саутемптон 3-1
Вотфорд – Астон Вила 3-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА