Челси се раздели со Еменало: „Сините“ во потрага по нов спортски директор

Спортскиот директор на Челси, Михаел Еменало си даде отказ само еден ден откако „сините“ триумфираа над Манчестер јунајтед, а наводно до отказот дошло по несогласувањето со сопственикот на клубот, Роман Абрамовиќ. Еменало ја напушта функцијата по 10 години, откако беше назначен во 2007 година.

Еменало беше еден од првите советници на рускиот газда, голем дел од трансферите на актуелниот англиски шампион беа под негова иницијатива во изминативе години, а исто така имаше свој придонес за назначувањето на Антонио Конте за менаџер на „сините“.

52-годишниот Нигериец беше во постојан конфликт со Конте, како и Абрамовиќ, првично околу трансфер политиката која клубот ја водеше во текот на летниот преоден рок, а потоа и резултатите кои Челси ги остварува во последно време.

Се вчитува...