Челси се вклучи во трката за Лука Јовиќ

Барселона и Реал Мадрид добиваат сериозна конкуренција во трката за ангажман на српскиот интернационалец Лука Јовиќ. Англискиот премиерлигаш Челси сака да го доведе напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт на „Стемфорд бриџ“ по завршувањето на сезоната. За тоа е подготвен да плати 52 милиони фунти.

Лука Јовиќ игра во фантастична форма во Бундес-лигата и постигна 19 гола во дресот на Ајнтрахт на 29 натпревари оваа сезона. Клубот ќе ја искористи клаузулата за да го откупи комплетно неговиот договор од Бенфика за 5,3 милиони фунти, а потоа и ќе заработи десеткратно, доколку реши да го продаде во летниот преоден рок.

Челси го посакува Лука Јовиќ како замена за Оливие Жиру, кој на лето најверојатно ќе си замине од „Стемфорд бриџ“.

Се вчитува...