Челси: Склучен е договор за продажба на клубот на Тод Боли

Многу брзо Челси ќе има нов сопственик, откако клубот објави конечна реализација на договорот за продажба на „сините“ на конзорциумот Тод Боли/Клерлејк Капитал.

Конечната трансакција се очекува да се случи во понеделник, со што клубот ќе почне мисија за шампионската титула во Англија, како и во Лигата на шампионите, титули кои ги освојуваше под водство на Роман Абрамович, кој беше принуден да го продаде клубот по руската инвазија врз Украина.

„Фудбалскиот клуб Челси потврдува дека е склучен конечен и дефинитивен договор за продажба на клубот на конзорциумот Тод Боли/Клерлејк Капитал. Се очекува трансакцијата да биде завршена во понеделник. Клубот дополнително ќе информира за деталите“, се вели во соопштението на Челси.

Се вчитува...