Челси стигна до круната во Премиер – лигата

Челси е нов шампион на Премиер – лигата, откако со триумфот над ВБА (0-1) на гости оствари недостижна бодовна предност пред Тотенхем на три кола до крајот на шампионатот. Челси сега има 87 бода, десет повеќе од Тотенхем, кој не може тоа ниту теоретски да го достигне на последните три натпревари.

Тимот на Антонио Конте одигра уште еден квалитетен меч, чувајќи ја мирна мрежата на Тибо Куртоа. Иако Диего Коста, Еден Азар и Педро долго се мачеа да го отворат резултатот, тоа во 82.минута му успеа на „џокерот“ Мичи Батшуаи. Тој влезе во игра само шест минути претходно и ја испрати топката на вистинското место по проигрувањето од Аспиликуета во противничкиот шеснаесетник.

Евертон го совлада Ватфорд со 1-0, со голот на Рос Баркли во 56.минута.

Се вчитува...