Челси уште еден чекор понапред кон титулата

Челси е чекор поблизу до титулата во Премиер-лигата откако тимот на Антонио Конте вечерва забележа победа од 4-2 над Саутемптон. Соочени со притисок откако Тотенхем им се приближи на само четири бода, „сините“ одиграа одличен меч во кој максимално заслужено стигнаа до цел плен.

Одличниот настап беше најавен од самиот почеток, кога Азар на додавање на Коста по само пет минути игра го отвори резултатот. Саутемптон израмни од својот прв удар кон противничкиот гол, откако по еден корнер од левата страна на вистинското место се најде Ромеу, кој го совлада Куртоа.

Сепак, тоа беше само најава за офанзивата на „сините“, кои до ново водство стигнаа во судиското продолжение од првото полувреме откако Кејхил биеше прецизно со глава. Дилемите околу победникот ги реши Диего Коста на самиот почеток од второто полувреме, а истиот фудбалер (кој претходно пет средби беше без постигнат гол) во самиот финиш зголеми и на 4-1. Конечните 4-2 во 94. минута ги постави поранешниот играч на Челси, Рајан Бертранд, со прецизен удар со глава.

Челси по оваа победа има седум бода предност во однос на Тотенхем, но „спарси“ утре го играат својот натпревар од ова коло, против градскиот ривал Кристал палас.

All Goals & Highlights HD – Chelsea 4-2… by emmapollardRyan Bertrand GOAL – Chelsea 4-2 Southampton 25… by Football–Live

Се вчитува...