Челси во јануари го купува Обамејанг?

Англискиот првак Челси е серизно заинтересиран за ангажман на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер-Емерик Обамејанг во зимскиот преоден рок. Првичните контакти меѓу двата клуба се веќе остварени, откако раководството на „милионерите“ одлучи да го стави Габонецот на трансфер – листа. Тој е еден од „виновниците“ за слабите резултати во кои западна тимот, но не поради слабите игри, туку поради лошата дисциплина.

Оваа сезона, Обамејанг беше отстрануван од тимот поради недисциплина. Го пропушти мечевите против против Штутгарт во Бундес-лигата, а истото се случи и минатата сезона против Спортинг Лисабон. Раководството го загуби трпението и одлучи да го продаде за сума од околу 60 милиони фунти.

Се разбира, играќките квалитети на Обамејанг воопшто не се спорни, па затоа Челси го посакува во своите редови, со надеж дека менаџерот Антонио Конте ќе успее да ја подобри неговата дисциплина. Оваа сезона на 19 натпревари во сите конкуренции тој постигна 17 гола.

Покрај Челси, и Ливерпул и Милан се интересираат за ангажман на Габонецот од составот на Борусија Дортмунд.

 

Се вчитува...