Челси во јануари ја губи целата одбрана?!

Актуелниот шампион на Европа се соочува со непредвидени проблеми. Челси кој во претходните преодни рокови инвестираше во средината на теренот и нападот заборави на одбраната па веќе во јануари може да остане без половина стандардни првотимци.

Антонио Рудигер е се поблиску до потпис со Реал Мадрид, а во Шпанија може да завршат и Цезар Азпиликуета и Андреас Кристенсен откако за нив интерес покажа Барселона. Каталонскиот тим се соочува со финансиски проблеми па ќе цели кон ангажирање на слободни играчи, а двоецот од Челси е перфектна комбинација.

Азпиликуета носи искуство кое ќе му биде потребно на младиот каталонски состав, додека 25-годишниот Кристенсен  се гледа на долгорочни стази.

А, интересот на шпанските великани е само мал дел од проблемите на Челси бидејќи тимот најверојатно до крајот на сезоната ќе остане без услугите на Бен Чилвел кој заработи повреда на предните вкрстени лигаменти.

Се вчитува...