Челси во Монако ја најде замената за Енцо

Управата на Челси експресно реагираше по рекордната продажба на Енцо Фернандес на Манчестер сити, и неговата замена ја пронајде во францускиот шампионат. „Сините“ се согласија да му платат на Монако 47.1 милиони фунти за трансферот на Ламин Камара.

Челси веќе извесен период преговараше со Монако за трансферот на Камара и не сакаше да ја плати сумата која ја бараше францускиот тим, но по денешната продажба на Енцо Фернандес, немаше избор и експресно ги затвори преговорите.

Се очекува Камара утре да биде промовиран како нов фудбалер на Челси.

 

 

Сините ова лето беа меѓу најактивните на трансфер пазарот и ги ангажираа Морган Роџерс и Емилијано Мартинес од Астон Вила, Максенс Лакроа од Кристал Палас, како и Емануел Емега, Дани Велбек, Џеовани Љуенда, Џордан Хендерсон, Валентин Барко, Марко Палестра и Пеп Чаварија.

Челси има одличен старт на сезоната со три победи во трите меча, во Премиер лигата ги совлада Фулам и Брајтон, а во Карабао купот триумфира над Лутон.

Се вчитува...