Челси во тага: Почина еден од најдобрите фудбалери во историјата на клубот

Фудбалскиот клуб Челси со голема тага соопшти дека денеска на 84-годишна возраст почина еден од најдобрите стрелци на клубот Боби Тамблинг. Тој беше носител на рекордот најмногу голови постигнати за клубот цели 45 години, се додека не беше срушен од Френк Лампард во 2013 година.

Со тимот го освои Купот и Лига-купот на Англија во 1965 година.

„Фудбалот беше неговиот живот, а Челси беше неговиот вечен дом, немаше место каде што беше посреќен од тоа да биде на Стемфорд Бриџ каде што разговара за фудбал со навивачите. Ќе ни недостига многу“, соопшти Челси. 

Се вчитува...