Челси жртвува шест фудбалери за Каи Хаверц

Англискиот премиерлигаш Челси е прв фаворит за потпис на младата ѕвезда на германскиот фудбал Каи Хаверц. „Сините“ годинава веќе се засилија со Хаким Зијеч од Ајакс и Тимо Вернер од Лајпциг, а Френк Лампард е подготвен да даде буквално се за во своите редови да го донесе и играчот за врска на Баер Леверкузен.

Англиските медиуми пренесуваат дека клубот од „Стемфорд Бриџ“ е подготвен да се откаже од дури шест фудбалери како би можел да го потпише Хаверц. На мета на „отстрел“ се Емерсон Палмиери, Тиму Бакајоко, Маркос Алонсо, Мичи Батшуаи, Кенеди и Дени Дринквотер.

Доколку „мисијата Хаверц“ успее се очекува Челси следната сезона да биде еден од фаворитите за освојување на трофејот во Премиер-лигата.

Се вчитува...