Чернишов си замина од клупата на Беласица

Поранешниот репрезентативец на СССР, Русинот Андреј Чернишов откако не успеа да се избори за опстанок се повлече од тренерската позиција во струмичкиот прволигаш Беласица.

По оставката на Ѓоре Јовановски, раководството на Беласица се одлучи да го ангажира Чернишов чиј последен клуб во кој работеше измината полусезона беше Динамо Нови Сад. Русинот беше донесен во желбата да се избори опстанок во Првата лига, но не се успеа во тоа.

Беласица од следната сезона се сели во Втората лига, сега и во очекување на нов тренер.

Се вчитува...