Червар пред ждребот: Имам само една желба, да не ми падне Македонија

Лино Червар се наоѓа во фокусот на ракометната јавност во пресрет на денешното извлекување на групите за ЕП 2018 во Хрватска (19 часот). Хрватите како домаќини важат за едни од главните фаворити за титулата, веќе е јасно дека тие првата рунда ќе ја играат во групата А во Сплит, а Червар во пресрет на ждребот има само една единствена желба – да не се сретне со Македонија. Искусниот стручњак пред неколку месеци го напушти кормилото на нашиот национален тим за да се врати во татковината, „црвено-жолтите“ оттогаш заиграа многу подобро и како првопласирани ги завршија овие квалификации, па сега Червар не би сакал да се сретне со Кире Лазаров и со останатите македонски асови во Сплит.

Можеме да зборуваме, да речеме како е добро да се избегнат скандинавските селекции, овие или оние. Сепак, сите противници се многу силни, наша цел е да стигнеме до златото, што значи дека ќе треба да ги победиме порано или подоцна. Јас искрено имам само една желба, да не ми падне Македонија“ – истакнува Червар во разговор за хрватските медиуми.

Останува да се види дали желбата на хрватскиот селектор ќе се исполни. Едно е јасно, во ситуација кога носители на групите се Хрватска, Шпанија, Франција и Германција, „коцкестите“ се можеби најдобар ривал за нашиот национален тим, особено ако се знае дека репрезентативците ќе бидат дополнително мотивирани за дуел со селекторот што ги напушти среде квалификациски циклус.

Се вчитува...