Чест и привилегија: Димитријевиќ доби повик на олстар мечот во ВТБ-лигата

Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ, ќе биде дел од олстар натпреварот во ВТБ-лигата по одличните настапи што ги има во дресот на Уникс. Мечот е закажан за 16 февруари, а Димитријевиќ ќе биде еден од лидерите на тимот на „новата школа“, што за ривал ќе ја има „старата школа“ предводена од Швед, Ертел и останатите поискусни ѕвезди во регионалното кошаркарско натпреварување.

Димитријевиќ е меѓу најзаслужните за одличните резултати на Уникс во досегашниот дел од сезоната, па изборот на овој кошаркарски спектакл е апсолутно заслужен.

Нашиот репрезентативец за соиграчи во тимот на „новата школа“ ќе ги има Никола Милутинов, Џастин Робертсон, Џејлен Барфорд, Данил Касаткин, Дерил Мејкон, Самсон Руженцев, Сергеј Карасјов, Антон Астапкович и Андреј Лопаткин, заедно со уште двајца кошаркари што дополнително ќе бидат избрани од стручниот штаб.

Се вчитува...