Честитка и од Чеферин до претседателот на ФФМ за пласманот на ЕП

Официјална честитка и од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин до првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини за пласманот на македонската репрезентација на Европското првенство следната година.

„Искрено Ви го честитам огромното фудбалско постигнување на македонската репрезентација и пласманот на ЕУРО 2020. Ви посакувам и во иднина уште многу успеси на чело на фудбалската федерација“ – се вели во честитката од Чеферин до Сејдини.

До ФФМ се пристигнати честити и од поголемиот број национални фудбалски сојузи од Европа.

Се вчитува...