Четири калчолигаши влегуваат во трка за потпис на Вертонген

Дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген има неколку понуди од Калчолигата, пренесуваат италијанските медиуми. На крајот на сезоната на Белгиецот му истекува договорот со Тотенхем, што значи дека ќе биде слободен фудбалер.

Калчомеркато пренесува дека тој е желба на Рома и Интер, кои водат во трката за неговиот потпис, а за него заинтересирани се и Наполи и Фиорентина. Антонио Конте во неколку наврати изјави дека го сака Вертонген како замена за Диего Годин.

Вертонген претходно сезонава ја одби понудата на Тотенхем за продолжување на договорот на уште една година.

Се вчитува...