Четири скокалници: Кобајаши најдобар во Оберсдорф

Годинашното издание на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ неочекувано стартуваше со јапонски триумф, откако Руоју Кобајаши го освои првото место на натпреварувањето во Оберсдорф.

Јапонецот имаше два одлични скокови, првиот од 133 метри, вториот од 129 метри, со што ја доби големата битка со ривалите. Втората позиција му припадна на Маркус Ајсенбихлер од Германија, кој собра само 0,4 поени помалку од денешниот победник. Третопласиран беше Австриецот Штефан Крафт.

Ланскиот шампион на „Четирите скокалници“, Камил Штох од Полска, имаше разочарувачки настап во Оберсдорф освојувајќи ја само осмата позиција.

Се вчитува...