Четири земји домаќини на Евробаскетот 2029 година, ќе се игра и на „Сантијаго Бернабеу“

ФИБА одреди дека домаќини на Евробаскетот во 2029 година ќе бидат Шпанија, Грција, Естонија и Словенија, а тоа ќе биде 43-то издание на Евробаскетот. Градови домаќини ќе бидат Мадрид, Атина, Талин и Љубљана, а нокаут фазата и големото финале ќе се играат во Мадрид, во „Мовистар Арената“.

Интересно е тоа што планирано е првиот меч на Евробаскетот да се игра на стадионот на Реал Мадрид, Сантијаго Бернабеу.

Евробаскетот оваа година ќе се игра исто така во четири земји, а домаќини ќе бидат Кипар, Финска, Полска и Летонија. Ќе се одржи од 27 август до 14 септември. Финалето ќе се игра во Рига.

„Возбудени сме што го носиме ФИБА Евробаскет 2029 на некои од водечките европски кошаркарски дестинации, секоја со силна кошаркарска култура и јасна посветеност на организирање на извонреден настан“, рече претседателот на ФИБА Европа, Хорхе Гарбахоса.

 

Се вчитува...