Четворица вардарци во идеалниот тим на Ф4 во ЛШ

Европскиот шампион Вардар покажа најмногу на Ф4 турнирот во Келн и повеќе од заслужено е што повеќе од половината играчи во идеалниот тим доаѓаат токму од редовите на „црвено-црните“. Дури четворица вардарци се најдоа меѓу најдобрите 7 од завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Предводени од МВП, голманот Арпад Штербик, во најдобриот тим се и Тимур Дибиров, Алекс Душебаев и Иван Чупиќ.

Идеален тим на Ф4 на Лигата на шампионите

Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)

Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)

Среден бек: Арон Палмарсон (Веспрем)

Десен бек: Алекс Душебаев (Вардар)

Десно крило: Иван Чупиќ (Вардар)

Пивотмен: Андреас Нилсен (Веспрем)

Голман: Арпад Штербик (Вардар)

Се вчитува...