Чикаго Булс му врачи посебно признание на Тони Кукоч (ФОТО)

НБА франшизата Чикаго Булс има своја „Куќа на славните“ која се нарекува „Ring of Honor“ во кој се наоѓаат најзаслужните кошаркари во историјата на клубот, а од сега „член“ на истата е и поранешниот хрватски репрезентативец Тони Кукоч.

Кукоч беше дел од најзначајниот дел од историјата на клубот па заслужно го најде своето име покрај Мајкл Џордан, Скоти Пипен, Фил Џексон, Деникс Родман, Стив Кер, Артис Гилмор, Џони Кер, Џери Краус, Боб Лав, Џери Слоан, Чет Вокер, Текс Винтер и тимот од сезоната 1995/96 која стана шампион со скор од 72-10.

„Се чувствувам неверојатно, ова е голема чест. Се сеќавам кога дојдов тука. Ништо не личеше дека работите ќе се одвиваат во овој правец. Мислам дека заслуживме сите за успехот и возбуден сум што сум во оваа група“, изјави Кукоч.

Се вчитува...