Чикаго ја прекина серијата на Бостон, Филаделфија до првата победа против Индијана

Кошаркарите на Чикаго, убедливо го совладаа Бостон со 120-102 и така им нанесоа прв пораз после трите победи од почетокот на сезоната. Мечот тргна одлично за гостинската екипа, Тејтум и Хорфорд направија големи +16 после првите шест минути, а потоа следуваше пад на ритамот до крајот на полувремето. Во следните 12 минути Бостон успеа да постигне само 15 поени, што доведе до тоа Чикаго да замине на полувреме со 11 поени разлика.

Се врати бостон, дојде до три поени разлика после четири минути игра во вториот дел, меѓутоа клучен беше тајм-аутот на Чикаго после кој „Булс“ одиграа подобро и на крајот од третата четвртина се стекна со предност од 20 разлика, која ја одржа до крајот. Дерозен со 25 скокови и пет асистентенции и исто толку скокови беше најефикасен кај Чикаго, додека кај Бостон Тејтум забележа 26 бодови.

Џејмс Харден и Џоел Ембид ја носеа Филаделфија до првата победа, и така ја прекинаа серијата на порази од стартот на сезоната. Ја солаваа Индијана со 120-106 и така ја запишаа првата победа сезонава. Харден имаше трипл-дабл со 29 поени, додека Ембид 26 поени.

Портланд го совлада Денвер со 135:110. Србинот Никола Јокиќ не беше на нивото какво што се очекува од него, па така ја заврши средбата со само девет поени, што беше едно од клучните статистики за поразот на Денвер.

РЕЗУЛТАТИ:

Чикаго – Бостон 120:102
Филаделфија – Индијана 120:106
Мајами – Торонто 90:98
Њујорк – Орландо 115:102
Хјустон – Јута 114:108
Мемфис – Бруклин 134:124
Минесота  – Сан Антонио 106:115
Портланд – Денвер 135:110

Се вчитува...