Чилеанците по пенали во полуфиналето на Копа Америка

Фудбалската репрезентација на Чиле е полуфиналист на Копа Америка, откако по изведување пенали (5-4) ја елиминира селекцијата на Колумбија. Тесиљо беше трагичарот на Колумбијците, не успеа да реализира пенал во петтата серија, а Алексис Санчез погоди за пласман на Чилеанците меѓу четирите најдобри селекции. Регуларниот тек од мечот заврши без голови.

Во полуфиналето Чилеанците ќе го очекуваат подобриот од дуелот меѓу Уругвај и Перу.

Се вчитува...